Чудење на самитот на НАТО: На функционерите во Мадрид им сервирале - руска салата

Точка

29/06/2022

12:34

13.412

Големина на фонт

а а а

Додека во вторникот на периферијата на Мадрид го чекаа пристигнувањето на претседателот на САД, Џо Бајден, и другите светски лидери, на местото со висока стапка на безбедност на овогодишниот НАТО самит, функционерите и новинарите останале збунети кога забележале руска салата на менито на ресторанот.

Мешавината од грашок, компир, морков и мајонез била главна понуда на менито на шпанскиот ресторан, а во пресрет на самитот на кој се очекува Русија да биде означена како безбедносна закана поради инвазијата врз Украина, нејзината присутност на менито предизвикала неверување.

„Руска салата на самитот на НАТО? Малку сум изненаден од ваквиот избор на јадење“, изјавил новинарот Инаки Лопез за шпанскиот медиум „La Sexta“.

Но, и покрај изненадувањето, руската салата наводно била распродадена за само неколку часа.


Сепак подипломатски се размислувало за менито послужено во вторникот вечерта на свечената вечера во барокната палата Санта Круз во центарот на Мадрид.

Хозе Андрес, шпанскиот готвач кој бил задолжен за менито, служел класични шпански тапас, но додал кнедли од домати и го преименувал ова јадење во украинска салата, како што тоа го направил во сите свои ресторани ширум Шпанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг