На Виена сите ѝ се враќаат: Поради овие 10 причини животот во австриската престолнина е квалитетен и исполнет

Точка

29/06/2022

10:42

29.734

Големина на фонт

а а а

Виена, престолнината на Австрија, за многумина звучи примамливо за содржаен и удобен живот.

Британското списание „The Economist“ дури двапати ја избра Виена за најдобар град за живеење, а ова се 10-те главни причини зошто е тоа така.

Редовен градски превоз низ целиот град

Јавниот превоз е брз и еколошки прифатлив, а дневно преминува рута од вкупно 1.150 километри. Патниците се возат со јавен превоз до најоддалечените делови на Виена и тоа по ниска цена.


Вода како од извор

Најдобриот пијалак во Виена (освен виенското вино) доаѓа директно од чешма: свежа планинска вода. Двете водоводни цевки од Алпите, од Долна Австрија и Штаерска, секојдневно го снабдуваат градот со 400.000 кубни метри свежа вода.

Зелени површини

Виена спаѓа во еден од најзелените големи градови со над 53 отсто зелени површини.


Голем избор на физички активности во природа

Виенската шума е рај за шетачите и велосипедистите со вкупно 11 одбележани патеки во внатрешноста на градската зона. На брдото Каленберг се наоѓа авантуристички парк како и 3Д парк за љубителите на стрелаштвото, а базените како и Дунав нудат можности за капење на повеќе локации.

Добро развиено земјоделство

Виена има добро развиен земјоделски сектор: третина од зелената површина и 15 отсто од вкупните градски површини му се отстапуваат на одгледувањето. Околу 645 градини, лозја, полиња и овоштарници го снабдуваат градот со овошје, зеленчук, житарици и вино.


Ресторани со Мишелин ѕвезди

Виенската кујна е единствената на светот кое носи име по некој град. Но, во овој град не е лесно да се држат диети. Во Виена има неколку ресторани наградени со Мишелин ѕвезди кои подготвуваат вкусни јадења по разумни цени. Покрај големиот број ресторани, пабови и гостилници, во Виена има и многу традиционални места како што се „Café Landtmann“ од 1873 година или ресторанот „Zum Figlmüller“ кој повеќе од 110 години е познат како „дом на виенската шницла“.

Суперхерои во портокалово

Градската чистота во Виена ужива култен статус.


Виена никогаш не престанува да учи

Околу 200.000 студенти посетуваат 20 различни универзитети, што ја прави Виена најголем студентски град на германско говорно подрачје. Виена се гордее со квалитетот на своите универзитети - виенската Музичка академија спаѓа во најдобрите на светот.

Цел свет во еден град

Виена е еден од најпопуларните конференциски центри во светот и има целосна инфраструктура за вакви настани: одлични локации - од модерни згради до барокни зданија, добар транспорт и високо ниво на безбедност за посетителите од целиот свет.


Уметност на дланка

Виенските музеи се истакнуваат со најголемите уметнички колекции на Густав Климт, Егон Шиле и Бројгел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг