Лејди Ди на Вимблдон низ годините – сѐ што носеше е атрактивно и во денешната мода

Fashionel.mk

28/06/2022

16:36

17.257

Големина на фонт

а а а

Од вчера па до 10-ти јули во фокусот на светската спортска јавност е тенискиот гренслем турнир, престижниот Вимблдон.

Меѓу ѕвездите на спортскиот терен ќе ги гледаме и Серена Вилијамс, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, но исто толку познати имиња ќе гледаме и во публиката меѓу кои и британското кралско семејство, што овој настан го прават атрактивен и од моден аспект.

Традиционално секоја година публиката на Вимблдон има свое модно шоу. Модна писта паралелно со спортскиот терен. Но, низ историјата на овој турнир можеби никој не привлекол толку големо модно внимание како што тоа во 80-те и 90-те години го правела принцезата Дијана.


Покрај тоа што била голем тениски фан и страстен навивач, Лејди Ди била и најголемата модна икона на Вимблдон.

Дека секогаш била пред времето, вистински моден визионер, покажуваат и ретро фотографиите што ги објави Вог, а на кои Лејди Ди е во фокусот на вниманието меѓу публиката. Во текот на 80-те и 90-те години, периодот од кога датираат овие фотографии, гледаме една современа дама која покрај тоа што зрачи со харизма, на себе носи безвременска мода која што слободно и без никакви измени може да се постави во современ моден контекст.

Елегантна во дводелни одела, шармантна во фустани со принтови, женствена и во предимензионирани кроеви... Единствената Лејди Ди – пред своето време.




Спонзорирани линкови

Маркетинг