Има 47 години и тело од соништата: Благодарение на овие навики, Ева Лонгорија ослабнала 20 килограми

Кармин

28/06/2022

09:19

16.693

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија отсекогаш важела за убава жена и на нејзиниот шарм многумина не успеваат да одолеат, но токму како и секоја жена на светот и таа во еден период се бореше со вишокот килограми.

По породувањето Лонгорија имала речиси 20 килограми повеќе, но за кратко време успеа линијата да ја доведе до ред. Оттогаш убавата актерка го користи секој момент да ја покаже совршената фигура и често споделува фотографии на Инстаграм кои секогаш добиваат бројни позитивни коментари.

На последната фотографија во низа која собра многу комплименти, Ева позира во жолто бикини, а следбениците во коментари ѝ порачаа дека таа изгледа феноменално.

Која е тајната на нејзиниот совршен изглед?

Како што објаснила во една прилика, Ева успеала да ја доведе фигурата до совршенство со воведување на само неколку здрави навики.

Нејзиниот начин на исхрана се променил така што започнала да јаде повеќе зеленчук, а најмногу спанаќ. Освен тоа, Ева секојдневно консумирала брокула и прокељ, а шеќерот целосно го исфрлила. Она што е интересно е што Лонгорија си дозволувала еден ден во неделата за две омилени задоволства: пица и чипс.

Сепак, слатките не ѝ претставувале проблем бидејќи не само што не е зависна од нив, туку и не ги ни сака, така што немала од што да се откаже кога станува збор за шеќерот.


Според списанието „Women's Health“, Ева го започнува денот со кајгана и свежо овошје. За ручек обично јаде месо и зеленчук зготвен на пареа, а за вечера сака риба и зеленчук. Како меѓуоброк консумира свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.

Но, сепак ништо не би постигнала без воведување на физичка активност - актерката секојдневно трча и вози велосипед, а 3 до 5 дена во неделата посетува часови по пилатес. Она што е интересно е што Ева го смета скокањето на трамбулина за кардио тренинг, па така секојдневно скока на неа 20 до 30 минути.

Погледнете како изгледаше некогаш:




А како изгледа денес:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk