(Фото) Непрепознатлива! Најубавото девојче на светот порасна – погледнете како изгледа денес

Кармин

27/06/2022

19:37

10.437

Големина на фонт

а а а

Манекенката Тилан Блондо се појавила на ревијата на Кензо во рамки на Париската модна недела, а со својот младешки и урбан стил го привлекла вниманието на сите присутни.

Таа носела модерни фармерки со широки ногавици и цветен дезен. Целокупниот изглед го комплетирала со т.н предимензионирана тексас јакна и обична бела маичка.


Блондо во комбинацијата на облека додала мала чанта која зрачи со младешки дух и црвена боја.


Инаку, Тилан беше прогласена за „најубавото девојче на светот“ во 2007 година, а на пистата првпат прошета на само четири години, кога беше откриена од големиот Жан Пол Готје, додека првата насловна страница ја красеше на само шест години. Откако стана светски позната, таа лансираше и своја модна линија.


Оваа природна убавица соработува со голем број луксузни брендови како Loreal и Dolce & Gabbana. На престижната листа TC Candler неколкупати е избирана во 100-те најубави лица во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk