Била вистинска убавица, а потоа дрогата и депресијата ја уништиле – вака изгледа денес популарната актерка

Кармин

27/06/2022

17:35

12.663

Големина на фонт

а а а

Многу од генерациите ја гледале популарната серија „Династија“ и секоја нова епизода ја чекале со нетрпение.

Една од најубавите жени и актерки од тоа време била Линда Еванс која го толкувала ликот на Кристи Карингтон. На актерката оваа серија ѝ донела неверојатна популарност и многубројни награди.

Линда станала поп-икона на 80-те години заедно со актерката Џоан Колин, а и денес многумина ја паметат нејзината софистицирана убавина и добрина.


Актерката го освоила светот со неверојатните, сини очи, а сите биле воодушевени како таа природно стареела, сепак сето тоа се сменило во 2017 година кога се појавило видео од нејзиното апсење.

Линда, која низ годините имала проблеми со зависноста од лекови против болки, уапсена била во 2014 година поради пребрзо возење под дејство на опијати, кога на задното седиште од нејзиниот автомобил биле најдени многу апчиња. Тогаш настанала и спорната снимка на која таа нема ниту грам шминка и е под видно влијание на некои супстанции, но снимката вешто била криена наредните три години.


Актерката низ годините патела од неподносливи болки во грбот, кои биле толку моќни што на моменти помислувала да си го одземе животот. Тоа ја натерало неумерено да употребува лекови против болки.

Покрај физичките болки, таа со години патела и од депресија, а подоцна поради терапијата и агресивното лекување на болките во грбот се соочила со губење на косата поради што морала да носи и перика.


Инаку, Линда претрпела и удари на емотивен план – зад неа се два разводи. Првиот од сопругот Џон Дерек којшто ја напуштил поради 30 години помладата љубовница, а се развела и од вториот сопруг Стен Херман.

Имала бурна едногодишна врска со музичарот Јани којшто ја поттикнал да направи естетски операции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk