Џенифер Лопез не сака претерано својот приватен живот да го споделува со јавноста, но сега првпат славната пејачка одлучи да покаже кој ѝ е најголемата поддршка во животот.
Легендарната пејачка на социјалната мрежа Инстаграм споделила фотографија со својот татко на кој му го честитала Денот на татковците.
Давид Лопез бил во војска со години, а работел како техничар на компјутери. Од мајката на пејачката се развел во 1999 година, но тие сепак останале во добри односи.
Џенифер во документарниот филм раскажала дека мајка ѝ била многу строга во текот на нејзиното растење, но и растењето на нејзините две сестри.
„Го правеше тоа што мораше да го прави за да преживее и тоа ја направи силна, но исто така и груба. Знаеше да нè тепа...“, признала пејачката.
Џенифер одлучила на 18 години да си замине од семејниот дом поради тоа што не можела да се согласува со својата мајка во врска со нејзината иднина.