Се продава теренскиот "Rolls-Royce" на мароканскиот крал кој имал бизарна намена

Точка

25/06/2022

12:12

36.882

Големина на фонт

а а а

Кралот може да си дозволи што и да му падне на памет, колку и тоа да звучи бизарно. Овој "Rolls-Royce" е одличен пример.

Бил купен од мароканскиот крал Хасан Втори. Но, овој "Rolls-Royce Camargue" од 1977-ма не му бил доволен, па го пратил на модификација. Работата ја завршил "Sbarro", што значи дека станувало збор за екстензивни модификации.

Имено, мароканскиот крал сакал да се занимава со лов, а посебно со соколарство. За да може да оди во лов му бил потребен соодветен автомобил, а за тоа се погрижил швајцарскиот каросерист кој од оваа лимузина направил робустен теренец. Прво ја подигнал суспензијата и поставил теренски гуми, а потоа го отстранил кровот на возилото.


Зад задните седишта е вграден хромиран носач кој служи за сместување на соколи. Ауспухот сега е од страна, а 6,75-литарскиот мотор и натаму развива 212 коњски сили.

Стандардниот "Camargue" чинел 30.000 фунти, што денеска би било околу 200.000 фунти. Целосниот опис можете да ги видите на страниците на германскиот огласник "Autoscout24.de".




Спонзорирани линкови

Маркетинг