(Видео) Оригинален рецепт за прочуената Запиеканка (полска пица): Се прави за час, а вкусот ќе ве маѓепса

Кармин

23/06/2022

18:16

9.763

Големина на фонт

а а а

Еве како да го направите популарниот полски топол сендвич Запиеканка!

Малкумина можат да им одолеат на топлите сендвичи, а за многумина тие се вообичаен избор кога станува збор за појадок или вечера.

Иако не се потребни посебни вештини за нивна подготовка, Полјаците направија еден вид бренд од топлиот сендвич наречен Запиеканка, кој стана популарна улична храна, а многумина сè уште ја нарекуваат полска пица.


Овие топли сендвичи се прават многу едноставно и брзо, во нив можете да ставите што сакате, а ова е оригиналниот рецепт што се прави во Полска.

Состојки:

- 1 багет

- 50 гр. сечкана сланина

- 50 гр. шунка

- 200 гр. сирење

- 300 гр. шампињони

- 2 чешниња лук

- 1 домат

- сол, бибер

- малку масло

Подготовка:

Исечете ја багетата по должина, а потоа со лажица извадете ја средината на лебот. Ситно исечкајте ги шампињоните и лукот.

На загреаната тава истурете малку масло, па ставете ги печурките и кромидот да се динстаат пет минути.


Зачинете ги печурките со сол и бибер. Кога ќе бидат готови печурките и кромидот, извадете ги од тавата, па ставете ја ситно сечканата сланина и шунката да се пржат.

Наполнете ги багетите со пржен кромид и печурки. На едниот дел од багетката ставете пржена сланина и шунка, а на другиот исечкани домати. Обилно посипете ги со рендано сирење. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути. По желба можете пред послужување да ги посипете со оригано или магдонос

.На здравје!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk