Алармантни резултати од истражувањето: Хакерите на „Dark Web“ продаваат 24 милијарди лозинки и кориснички податоци – заканата е сериозна

Точка

23/06/2022

15:36

43.524

Големина на фонт

а а а

Добро прочитавте! Во канџите на хакерите се наоѓаат 24 милијарди лозинки и кориснички податоци, што е многу повеќе од целокупната популација на Земјата.

Истражувањето на „Digital Shadows“ докажува дека на „Dark Web“ можете да купите украдени информации, како и дека ваквиот вид на сајбер-криминал е зголемен за 65 отсто, во однос на истиот период во 2020 година.

Хакерски алатки

Посебно загрижува податокот дека луѓето и натаму користат лозинки кои лесно се откриваат. Во топ 50 најкористени се наоѓаат очигледните примери, како „password“, „123456“ или „qwerty“, пренесува „Express“.

Од 50 омилени пристапни лозинки меѓу обичниот свет, хакерите можат да провалат 49, и тоа за само неколку секунди (благодарение на алатките од Dark Web).


„Можеби се ближиме кон иднината без лозинки (мегапроект на компаниите Microsoft, Google, Apple), но ситуацијата во овој момент е критична“, предупредуваат ИТ-експертите.

Проверете ги податоците

Доколку сте загрижени дека вашата лозинка е провалена, најдобар начин да го проверите тоа е специјализираната страница „Have I Been Pwned“.

Сè што треба да направите е да го напишете вашиот телефонски број или електронска пошта, и ќе добиете одговор.


Обемната база на податоци ќе ги прелиста резултатите, по што ќе може да го смените пристапот на податоци и да спречите потенцијална штета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг