Ќерката на Џенифер Лопез повеќе не сака да биде женско: Пејачката тоа го потврди пред илјадници луѓе

Кармин

20/06/2022

23:49

18.784

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез неодамна настапи во дует со нејзината „омилена партнерка“, односно со нејзината ќерка Ема, која ја доби во брак со Марк Ентони.

Пејачката на настапот на својата ќерка ѝ се обраќала со родово неутрална заменка „тие“, пренесува „The Mirror“.

„Последниот пат кога вака пеевме заедно беше на голем стадион како овој и јас ги молев постојано да пејат со мене, но тие не сакаа. Затоа ова е многу посебна прилика“, рекла пејачката.

„Тие се многу зафатени и резервирани. И скапи“, додала Џенифер Лопез, нагласувајќи дека „тие вредат секој денар“.

Џенифер Лопез настапила на хуманитарен настан на стадионот Dodgers во Лос Анџелес, а Ема со неа ја извела песната „A Thousand Years“. Додека пеела, Ема имала микрофон со боја на виножито.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk