„Netflix“ започна со наплата за делење лозинки, корисниците збунети

Точка

04/06/2022

17:24

43.885

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ започна со тестирање на новите правила за делење лозинки во Перу, Чиле и Костарика, а судејќи по првите извештаи, дошло до прилично голема збрка.

Како што пишува „The Verge“, поголемиот дел од корисниците во Перу не биле известени за дополнителната наплата за услугата, а имплементацијата на новата политика се разликувала од корисник до корисник. Некои, како што откриле, ги игнорирале упатствата за проверка на точноста на сметката и продолжиле да ја користат како и досега, додека на другите не им стигнало никакво известување.

Збунувачка е и дефиницијата на „Netflix“ за поимот „домаќинство“.


„Откако започнавме со најава на овие промени пред 18 месеци, јасно комунициравме дека домаќинство се однесува на лица кои живеат на иста локација“, велат од „Netflix“, додавајќи дека се задоволни со досегашното спроведување на дополнителната наплата.

За членовите на семејствата кои не живеат заедно се наплаќа околу дополнителни 2 долари во наведените земји.

За потсетување, „Netflix“ се бори со намалувањето на бројот на претплатници. Во април оваа платформа изненади со информацијата дека во првото тримесечје од 2022 година изгубила 200.000 претплатници и предупреди дека би можела да остане без уште 2 милиони во следното тримесечје.

По ваквата вест, акциите на „Netflix“ паднаа за 35 отсто за еден ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг