Шерил Сандберг, долгогодишна десна рака на Марк Закерберг, најавила дека по 14 години ја напушта компанијата.
Во текот на последната година компанијата на Марк Закерберг минува низ големи и радикални промени. Освен промената на самото име од „Facebook“ во „Meta“, компанијата својот фокус го префрлила на метаверс, што може да се смета како „коцкање“ бидејќи плодовите на сегашните инвестиции во виртуелните светови „Meta“ нема да ги почувствува со години, но затоа поради метарверс ќе продолжи со собира а загубите кои се мерат во милијарди долари.
На тие големи промени од оваа недела треба да се додаде уште една, исто така значајна. Шерил Сандберг, долгогодишна десна рака на Марк Закерберг, најавила дека го крева сидрото од бродот на „Meta“ по 14 години.
Кон „Facebook“ се приклучила уште во 2008-ма година, кога Марк Закерберг имал 23 години и е една од најзаслужните луѓе за неверојатниот подем на таа социјална мрежа, но и компанијата која со време ги преземала и „Instagram“ и „WhatsApp“ и чија пазарна вредност во еден момент надминала билион долари. Но сега е време за некои нови предизвици.
Кога ја преземав оваа работа во 2008-ма година, се надевав дека ќе останам во оваа улога пет години. 14 години подоцна, време е да напишам ново поглавје во животот, напишала во прошталното писмото до „Meta“. Освен по работата во „Facebook“, Сандберг станала позната и како борец за женските права, а една од книгите кои ги напишала (Lean In: Women, Work, and the Will to Lead) ја нарекла феминистички манифест.
На најавата за заминувањето на својата долгогодишна соработничка реагирал и Марк Закерберг кој тоа го нарекол крај на една ера. Нагласил дека Шерли управувала со нивниот огласувачки бизнис, вработила одлични луѓе и ја поставила нивната култура за управување, а посебно истакнал дека токму таа го научила како да ја води компанијата.
Нејзината позиција ќе ја заземе досегашниот директор задолжен за раст и развој Хавиер Оливан, но Закерберг вели дека неговата улога и одговорност ќе се разликуваат од тие кои ги имала Сандберг.
Аналитичарката Дебра Ахо Вилијамсон за „BBC“ ја пофалила Шерин Сандберг за сè што направила во „Facebook“, најмногу за развојот на глобалните огласувачки платформи кои по прашањето на дигиталното огласување денеска заостануваат само зад „Google“, но потсетила дека во текот на годините во „Facebook“ не било се розево, како скандалот со американските избори, „Cambridge Analytics“ и друго.
Компанијата мора да пронајде нов начин за напредување и ова е веројатно најдобро време за заминување на Сандберг, заклучила Вилијамсон.