Фото: Благодарение на екстремната суша во Ирак „исплива“ изгубениот град стар 3.400 години

Точка

01/06/2022

18:48

69.178

Големина на фонт

а а а

По неколку месеци екстремна суша во Ирак изгубениот град стар 3.400 години повторно се појавил, а експертите го прогласија за археолошко чудо.

Како една од земјите кои најтешко е погодена од климатските промени, во Ирак температурите достигнаа до 45-от степен Целзиусов, не оставајќи им на жителите друг избор освен да црпат вода од резервоарот Мосул за наводнување.

Фотографиите ги прикажуваат неверојатните рушевини за кои се верува дека се дел од изгубениот град Закику, кои испливале на површината по рекордните суши.


Тимот германски и курдски археолози побрзал да ја ископа и да ја документира рушевината пред водата во резервоарот повторно да ја потопи.

Благодарение на брзата реакција откриле повеќе од 100 древни глинени плочи, а некои сè уште се во своја генијална зачуваност.

Еден од истражувачите откритието, а и фактот што толку долго преживеало под вода, го нарекол „чудо“.

За кратко време експертите го мапирале комплексот којшто датира од 1550 до 1350 година пред наша ера.

Освен плочите, откриени се уште неколку големи градби – масивна тврдина со ѕидини, индустриски комплекс...

Сите биле исклучително добро сочувани без оглед на тоа што биле под вода толку многу години.


Операцијата ја воделе претставници на Археолошката организација Курдистан и д-р Хасан Ахмед Касим, д-р Иван Пуљиз од Универзитетот Фреибург и д-р Питер Фалзнер од Универзитетоt во Тубинген.


Истражувачите се надеваат дека новите откритија ќе дадат важни информации за овој град и почеток на асирското владеење во регионот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг