Крем чорба од тиквички: Полна со витамини, а едноставна за подготовка

Точка

25/05/2022

15:41

34.099

Големина на фонт

а а а

Тиквичките се зеленчук кој има широка примена во повеќето кујни во светот, па така и во јадењата кај нас.

Еден од најдобрите начини да ги искористите е во облик на чорба, која изобилува со витамини и е исклучително здрава.

Потребни состојки:

- 500 гр. тиквички
- 3 компири
- 50 мл. масло за јадење
- 1 главица кромид
- 150 гр. моркови
- 600 мл. вода
- 350 мл. млеко
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка копар
- сол и црн бибер


Потребни состојки:

1. Измијте и излупете ги тиквичките, морковите, кромидот и компирите и исечкајте ги на ситни коцки.

2. Во поголем сад ставете масло и додајте го кромидот да се пржи, а потоа и останатиот зеленчук, како и сол и црн бибер.

3. Кога зеленчукот ќе омекне, ставете вода и добро измешајте, а кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете да се крчка околу 20 минути.

4. Изблендирајте ги сите состојки, а потоа постепено додавајте го млекото. Ставете го копарот, лукот во прав и додајте уште зачини по желба.

5. Сервирајте со малку потпечен леб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг