Познатиот „Терминатор“ доби уште едно внуче: Се породи ќерката на Шварценегер, еве кој пол е бебето и зошто неговото име е преслатко, но моќно

Кармин

23/05/2022

14:04

7.422

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Арнолд Шварценегер стана дедо - повторно. Радосната вест ја соопшти неговата ќерка, Кетрин Шварценегер Прат, откривајќи го и името на детето.

Арнолд е татко на 5 деца, а веќе ја има внуката Лајла која е ќерка на Кетрин. Познатиот „Терминатор“ ја понесе престижната титула на дедо во 2020 година, а на 21-ви мај оваа година неговата титула се удвои бидејќи на светот дојде малечката Елоиз Кристина Шварценегер Прат.

Името Елоиз звучи нежно, а во себе носи силно значење. Станува збор за англиска верзија на француско име, кое во превод значи „здрава“, а тешко дека може да се пронајде име со поважно значење од ова.

Кетрин Шварценегер која е позната авторка и нејзиниот сопруг, актерот Крис Прат, се во брак од 2019 година, а познатиот актер зад себе има 11 години долг брак со колешката Ана Фарис со која се разведе во 2018 година и со која го има 8-годишниот син Џек.

Легендарниот Шварценегер кој е во фантастична форма и во осмата деценија, со поранешната сопруга Марија Швајвер ги има и ќерката Кристина како и синовите Патрик и Кристофер. Актерот е во одлични односи со некогашната брачна партнерка, но не било отсекогаш така.

Тој своевремено имаше вонбрачна афера со Милдред Патрисија Баенa која во тоа време работела во неговата семејна куќа како куќна помошничка.


„Терминаторот“ од таа врска го доби синот Џозеф со кој е многу близок и кој неверојатно наликува на славниот татко.

Марија Шрајвер на крајот му го опростила неверството на сопругот, но истото не ги избришало трагите на прељубата. Повеќедеценискиот брак на актерот и Шрајвер официјално беше завршен во 2021 година, по 35 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk