Кејт може само да гледа и да воздивнува: Меган Маркл во „нетипично“ модно издание за кралските членови го бакна Хари пред сите

Точка

23/05/2022

13:34

20.499

Големина на фонт

а а а

Познато е дека припадниците на британското кралско семејство имаат строги норми кога станува збор за облекувањето, како и дека не смеат да разменуваат нежност во јавноста.

Но, Меган Маркл и претходно покажа дека правилата не ја интересираат премногу.

Принцот Хари и Меган Марк, војводата и војвотката од Сасекс, одново докажуваат дека не се каат поради одлуката да отстапат од функцијата виши членови на кралското семејство и да се свртат кон својата љубов и брак.


Парот веќе одредено време е во Калифорнија, а тие уживаат во друштво на славните.

Уште еден пример е однесувањето на парот во текот на натпреварот кој минатиот викенд бил одржан во Санта Барбара.

Принцот Хари настапувал на хуманитарниот натпревар, а Меган го бодрела облечена онака како што сигурно не би смеела додека сè уште беше на „позицијата“ од која се откажа.


Војвотката од Сасекс на сите им го одзела здивот со блузата којашто ја носела со В-изрез, која ја комбинирала со шорцови кои на прв поглед делуваат како мини-здолниште.

Овој спој е карактеристичен за летниот и морнарски стил, изгледа многу шик, но стајлингот поради должината на шорцовите не е во доменот на работите кои би ги облекла Кејт Мидлтон.


Меган носела и чевли на висока потпетица во кои самоуверено чекорела и по тревата, а стајлингот го заокружила со шешир и очила за сонце.

За сè да биде уште поинтересно, откако тимот на Хари победил Меган пред сите го бакнала својот сопруг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг