(Фото) Страсни бакнежни на Џенифер и Бен пред нејзиниот син Макс - покажуваат љубов на секој чекор

Кармин

20/05/2022

16:12

9.395

Големина на фонт

а а а

Пејачката и актерка, Џенифер Лопез, неодамна беше запросена од актерот Бен Афлек, а овој љубовен пар е под будното око на јавноста откако ја обнови романсата.

Тие двајца не ја кријат љубовта во последната година, а често се опуштаат и во јавност.

Имено, Џенифер, нејзиниот син Макс и вереникот Бен, биле 'уловени' во семејна идила, по вечера во мексикански ресторан во Лос Анџелес. Својата љубов и овојпат ја покажале пред папараците кои тоа го забележале.


Ним не им пречело тоа што бил присутен и нејзиниот син Макс - едноставно им се препуштиле на страстите.

Џенифер има две деца, Афлек три, а изгледа дека и нив ги вклучиле во нивниот однос.


Инаку, актерот ја запроси Џенифер со дијамантски прстен во нејзината среќна зелена боја. Парот првично се вери во декември, 2002 година. Афлек тогаш ја запроси Џеј Ло со 6,1 каратен розов дијамантски прстен.

Афлек и Лопез на крај ја раскинаа веридбата во 2003 година, пред официјално да се разделат во 2004 година. На огромно изненадување на нивните фанови, тие се смирија минатата пролет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk