Совршениот стил го наследила од својата мајка: 3 одлични стајлинзи на ќерката на Брижит Макрон

Кармин

17/05/2022

18:36

8.554

Големина на фонт

а а а

Тифани Озије е најмладата од 4-те деца кои Брижит Макрон ги има со првиот сопруг Андре-Луи Озије. Поранешните сопружници имаат 2 сина и 2 ќерки.

Тифани имала 10 години кога нејзината мајка го запознала тогаш 17-годишниот Емануел Макрон кој ги посетувал нејзините предавања по театарска уметност.

Брижит и Андре-Луи се развеле во 2006 година, а една година подоцна таа стапила во брак со Емануел. Тифани Озије секогаш отворено ја бранела врската на својата мајка со 24 години помладиот Макрон, порачувајќи им на критичарите на нивната врска дека се само завидливи.


„Беа прилично маѓепсани еден од друг и тоа беше прилично очигледно, но и многу тешко. Ако би требала да ѝ дадам визија на љубовта, тоа се Емануел и мојата мајка. Кога се заедно, светот речиси и како да не постои“, изјавила 38-годишната Тифани во ТВ документарецот „Brigitte Macron: A French Novel“.

Тифани Озије по професија е адвокат и се занимава со активизам, а голема страст ѝ се реформите во затворскиот систем и реинтеграција на поранешните затвореници во општеството.

Очигледно е дека Тифани е многу блиска со својата мајка од која го наследила и добриот моден стил, а во една прилика биле фотографирани и во многу слична модна комбинација составена од тесни фармерки, бел топ и беж чевли со висока потпетица.


За неодамнешната посета на Елисејската палата со сопругот Антон Шот и двете деца, Тифани одбрала стајлинг кој зрачи со лежерна елеганција. Таа носела црни панталони со широки ногавици, топ со пепито дезен и копчиња и класични црни салонки од лакирана кожа.


За инаугурацијата на Емануел Макрон во 2017 година, Озије одбрала црнобел мини фустан со кој покажала дека, како својата мајка, не се плаши да ги покаже нозете и да ги поместува границите на дрескодот во претседателските протоколи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk