(Видео) „Забранете ѝ пристап во Холивуд – таа ги прогонува познатите“: Популарната манекенка ги загрижи сите со своето бизарно однесување пред камерите

Кармин

17/05/2022

23:46

15.125

Големина на фонт

а а а

Во текот на само една вечер, популарната убавица направила толку непријатни работи што социјалните мрежи се преполни со видеа од истите.

На доделувањето на наградите „Билборд“ кое било одржано во Лас Вегас, видовме многу познати лица во елегантни изданија, но и бизарно однесување на поранешната британска манекенка Кара Делевињ.

Популарниот модел и актерка привлекла внимание кај корисниците на социјалните мрежи со своите несекојдневни потези, пред сè во близина на раперката Меган Ди Стелион.

Видеата и фотографиите од моментите кога тие биле „уловени“ заедно, ги преплавиле социјалните мрежи, а иако многумина ѝ се потсмеваат на Кара, има и такви кои велат дека нема ништо смешно во нејзиното однесување.

Кара прво била забележана како ѕирка од зад ѕидот каде се фотографирале познатите на црвениот тепих и како ја набљудува Меган.

Потоа ѝ пришла на раперката и почнала да си „игра“ со нејзиниот фустан.

И, баш кога многумина помислиле дека Меган е безбедна, додека раперката зборувала со колешката Доџа Кет, Кара се појавила од никаде покрај неа и им упаднала во разговор.

Повеќе пати таа легнала на подот за да ги фотографира Доџа, Меган Фокс и Машин Ган Кели...

Многумина се сетиле дека Кара постојано ја допирала Меган на забавата после Мет Галата, иако било јасно дека таа не го сака тоа.

Се појавиле и шпекулации дека Кара и Меган се во врска, што ниту една од нив не го потврдила.

На Твитер кружи и старо видео на кое Кара се обидува да ја лизне раперката Азилија Бенкс во текот на нејзиниот настап.

Коментарите на сметка на бизарното однесување на манекенката се и повеќе од негативни:

„Како Кара од преслатка манекенка и една од најуспешните жени на светот, стана пропадната актерка која ги прогонува познатите“, „Забранете ѝ пристап во Холивуд“, „Овие видеа ги избришаа сите мои сеќавања на сопствените бламови“, „Ова воопшто не е смешно, жената е прогонувачка“, биле само дел од реакциите на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk