2 состојки, без печење, готови за кратко време: Чоколадни коцки кои ќе ги правите цела пролет и лето

Кармин

16/05/2022

16:05

8.073

Големина на фонт

а а а

Лесна подготовка, чоколаден вкус, освежување и кремасто задоволство – тоа се одликите на овој десерт кој е најпопуларен во текот на топлите месеци.

Покрај тоа, нема потреба да ја вклучувате рерната – уште подобро.

Токму таков е овој рецепт за брзи чоколадни коцки во кои особено ќе уживате со кафе или пак после ручекот.

Состојки:

- 300 грама темно чоколадо;
- 400 милилитри кондензирано млеко.


Подготовка:

Садот во којшто ќе го обликувате колачот (плех, чинија...) обложете го со хартија за печење.

На тивок оган загрејте го кондензираното млеко, па додадете ја искршената чоколада и мешајте додека чоколадото не се стопи и сè добро не се соедини.

Кога смесата ќе биде кремаста, прелијте ја во садот којшто претходно сте го обложиле со хартија за печење и рамно распоредете ја.

Кога ќе се излади на собна температура, ставете ја смесата во фрижидер во текот на вечерта за колачот да стане цврст.


Во текот на утрешниот ден исечете го колачот во облик на коцки.

Може да послужите со кокос или пак јаткасти плодови, но и со рендано бело чоколадо по избор.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk