(Видео) На мајка на две деца ѝ се заканува ампутација на сите екстремитети - тажната животна приказна ја раскажува на ТикТок

Кармин

16/05/2022

15:21

8.303

Големина на фонт

а а а

Нејзиниот профил, под името „Sadie’s Sepsis Journey“, бил отврен после тежок здравствен инцидент кој засекогаш ѝ го променил животот.

На Божиќ минатата година, оваа млада жена итно била пренесена во болница со инфициран камен во бубрег. Нејзиното тело паднало во септичен шок, поради што била ставена во индуцирана кома и 10 дена била на апарати за одржување во живот.

Кога се разбудила, дознала дека останала со повреди кои ѝ го промениле животот - ги изгубила сите прсти, а прашањето за ампутација на ногата лекарите сè уште го разгледуваат.


Имено, лекарите ја предупредиле дека можеби ќе мора да ѝ ги ампутираат сите четири екстремитети за да спречат ширење на сепса, но телото на Сејди храбро се борело со инфекцијата. Во текот на претходните месеци, на мајката на две деца од Питерборо ѝ биле ампутирани прстите на рацете и нозете, бидејќи станале премногу некротични. Одлуката за ампутација на екстремитетите сè уште не е донесена.

„Мислев дека ме боли грбот од виткање, но потоа таа болка во грбот се влоши“, раскажала Сејди за „Мирор“.


„Им реков дека одам да се капам, но половина час подоцна врескав од болки на подот, велејќи дека се чувствувам како некој да ми го притиска бубрегот. Во болница открив дека немало доток на крв во екстремитетите и ткивото почнало да изумира“.

Откако почнала да објавува видеа за своето болно искуство, Кемп добила многу пораки со поддршка на социјалните мрежи. Следбениците го пофалиле начинот на кој ѝ пристапува на оваа, нималку наивна ситуација.

Нејзините пријатели организирале акција за собирање средства за Сејди да може да си ја дозволи потребната протетика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk