Хајди Клум во неонска магија, Меган Фокс – ексцентрично! Погледнете ги најинтересните модни изданија на доделувањето на „Билборд“ наградите

Кармин

16/05/2022

12:14

7.848

Големина на фонт

а а а

И овојпат славните дами се потрудиле да остават моќен впечаток во јавноста.

Во Лос Анџелес вчера било одржано доделувањето на наградите „Билборд“, а на настанот присуствувале голем број од познатите личности.

За најдобар изведувач на годината бил прогласен Дрејк, додека пак за најдобра млада уметничка Оливија Родриго, а и двајцата биле наградени во категоријата најдобар машки, односно најдобар женски изведувач.

За најдобра група била прогласена седумчлената јужнокорејска група „BTS“, а тие воедно биле и меѓу главните ѕвезди на вечерта.

Сепак, ништо помалку интересно не било ниту на црвениот тепих, каде познатите личности дале сè од себе да остават впечаток.

Интересно е тоа што имало помалку романтични и балски фустани и дека доминирале острите линии и екстравагантни модни изданија, а Џода Кет и Меган Фокс одлучиле да носат струкирани креации кои акцентот го ставиле на нивните гради.

Славните убавици претежно носеле потемни бои, поради што Хајди Клум посебно привлекла внимание појавувајќи е во неонски фустан и црни ракавици и чизми до над колена.

Погледнете дел од модните изданија:








Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk