Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и Западен Балкан за војната во Украина

Макфакс

16/05/2022

08:54

1.363

Големина на фонт

а а а

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат во Брисел на редовниот Совет на ЕУ во мај, а прва точка на дневниот ред ќе биде размена на мислења за Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз регионот.

На работен ручек во Брисел на министрите на ЕУ ќе им се придружат и министрите за надворешни работи на шесторката од Западен Балкан, пренесуваат српските агенции.

Советот на ЕУ наведува дека идејата е да се разгледа влијанието на руската агресија врз регионот заедно со нивните колеги од Западен Балкан.

За таа цел, Европската служба за надворешни работи подготви стратешки документ, кој беше дистрибуиран до земјите-членки пред состанокот, во кој се наведени начини како да се помогне и да се поддржи отпорноста на ЕУ на Западен Балкан и да се одговори на последиците од руската агресија врз Украина.

Западен Балкан е силно погоден од економскиот, политичкиот, дипломатскиот, комуникацискиот и безбедносниот сектор. Мора да работиме на нивната отпорност, бидејќи сите тие се на наша страна.

„Сите тие ја отфрлија руската агресија и се наши партнери и во тој поглед“, соопшти Советот на ЕУ.

Се додава дека со шефовите на дипломатиите од Западен Балкан ќе разговараат за конкретните проблеми на секоја земја, можната поддршка и соработка, но и за степенот на усогласеност со политиката, акциите и санкциите на ЕУ.

„Ги разбираме различните позиции на земјите од регионот, но работиме на 100% усогласување со ЕУ во однос на одговорот на војната во Украина“, заклучи Советот на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг