Официјално: Cadilac Escalade-V

Точка

15/05/2022

15:00

33.290

Големина на фонт

а а а

"Cadilac" уште во јануари ги објавил првите официјални фотографии и најавното видео од "SUV" моделот на "Escalade" во верзија со високи перформанси, а сега овој новитет и официјално е промовиран.

Станува збор за "Cadilac Escalade-V" кој ќе се нуди во стандардна верзија, како и во продолжена "ESV" варијанта.

"Cadilac Escalade" во САД стартува по цена од 149.990 долари, што го прави најскапиот сериски "Cadilac".

За таа сума се добива 6,2 литарски V8 мотор со компресор кој развива 508 kW и 690 коњски сили и 885 Nm вртежен момент, доволно за ова 2.820 килограми тешко возило од 0 до 100 километри на час да забрзува за само 4,4 секунди.


Меѓу другото, во пакетот добивате и 10-степенски автоматски менувач, погон на сите четири тркала, преден браник со спојлер, темни куќишта за светлата, изменет заден браник, затемнети задни стакла, четири издувни цевки и нови 22-инчни тркала.


Внатре има спортски волан и црни кожени седишта, како и 14,2-инчен централен екран.




Спонзорирани линкови

Маркетинг