Актерката позирала гола за насловна страна од магазинот „Women’s Health“, па признала: „Притисокот да бидам слаба поради глумата ме доведе до тоа...“

Точка

14/05/2022

11:17

7.309

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на многу од филмовите на „Дизни“, Хилари Даф, позирала гола за насловната страница од магазинот „Women’s Health“.

Таа во интервју за споменатиот магазин зборувала за родителството, но и за тоа како тоа ѝ помогнало да го надмине проблемот со нарушувањето во исхраната којшто го имала.

„Горда сум на своето тело. Горда сум што ‘произведе’ три деца за мене“, изјавила актерката.

Таа за споменатиот магазин направила ретроспекција на своите животни искуства, па така открила дека нејзиниот проблем со исхраната датира уште од тинејџерските денови – од нејзина 17-та година.

„Притисокот да бидам слаба поради глумата ме доведе до тоа нарушување. Беше страшно, поради проблемите со исхраната развив и булимија, а потоа следеше хоспитализација“, раскажала Даф.

За среќа родителството ѝ помогнало да го прифати своето тело и навиките, а како што раскажала понатаму, најблагодарна е на своето најстаро дете – ќерката Бенкс.

„Можеби сè се смени кога ја родив Бенкс. Тогаш сфатив дека сум силна, талентирана и паметна жена“, искрено проговорела Даф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг