Брачен пар изненадил многумина со своите правила во бракот – не смеат да имаат пријатели од спротивниот пол...

Точка

13/05/2022

17:22

73.527

Големина на фонт

а а а

Една жена на ТикТок се соочила со лавина коментари и критики oткако објавила видео во кое ги објаснува правилата на својот брак.

Младата мајка Бејли ги навела своите правила во две видеa, а потоа објавила уште едно дополнително видео во кое го објаснила својот начин на размислување кој довел до овие идеи, пишува „The Sun“.

Првата ставка на пописот била една од најконтроверзните затоа што се однесува на пријателите. Имено, никој од нив не смее да има пријател од спротивниот пол од колегите од работа и никако не смеат да останат сами со нив на настаните.

Исто така нивниот одговор вклучувал забрана за испраќање и примање пораки со лица од спротивниот пол, а овој пар има и правило за гледање експлицитни содржини.

Со забраната за гледање порнографија, парот не смее да чувствува сексуални нагoни кон друга личност, а за да бидат сигурни во тоа, следењето лица од спротивниот пол на социјалните мрежи им е строго забрането.

Бејли ги исклучила коментарите под видеото на ТикТок, но сепак истото се појавило и на Редит и Твитер каде корисниците негативно ги коментирале правилата и забраната на овој брачен пар.

„Ова е токсично, таков брак нема смисла“, напишал некој корисник.

„Не ми се јасни таквите правила, очигледно и двајцата сте несигурни. Мојот сопруг и јас не би можеле така да функционираме“, додал некој друг корисник.

И, додека едните ја критикувале, другите ги одобриле ваквите правила. Некои признале дека и тие имаат слични договори со своите брачни партнери.

„Тука не станува збор за недостаток на доверба, колку што тоа е границата на почит. Како венчана жена немам потреба од дружење со други мажи затоа што тоа го добивам од својот маж“, изјавила таа во друго видео.




Спонзорирани линкови

Маркетинг