Во Кина е познат како крал на цвеќињата: Еве зошто божурот треба да биде дел од вашата дневна соба

Кармин

13/05/2022

12:17

7.191

Големина на фонт

а а а

Во фенг шуи дисциплината, божурот е еден од најповолните цветови, а се смета за симбол на љубовта, просперитетот и убавината.

Фенг шуи е пракса која потекнува од Кина и која нуди насоки кои луѓето можат да ги практикуваат во своите простории за похармоничен живот. Зборовите „фенг шуи“ се преведуваат како „ветер“ и „вода“.


Цвеќето отсекогаш било особено значаен симбол бидејќи има прекрасен изглед, но и мирис.

Божурот во фенг шуи дисциплината

Божурот има цветови кои често се дефинираат како едни од најубавите.

Кога се целосно расцветани, тие изгледаат посебно убаво со густите слоеви латици. Обично се во бела, розова и црвена боја. Во Кина, божурот е познат како крал на цвеќињата. Традиционално постои одреден цвет поврзан со секое од 4-те годишни времиња, а божурот е поврзан со пролетта бидејќи тоа е периодот во кој цвета. Летото е поврзано со лотосовиот цвет, есента со хризантемата, а зимата со цветовите од слива.


Божурот исто така може да означува романтична среќа и желба во традиционалната кинеска култура. Неговото раскошно цветање е олицетворение на страста, па може да биде поволно да поставите божур на места како дневната соба со намера да ја привикате љубовта.

Значењето на боите на божурот

Црвената се смета за најповолна боја за божурите, бидејќи е боја на виталност. Црвената исто така го претставува елементот на оган кој е поврзан со страста.


Жолтиот божур е исто така поволен бидејќи жолтата се смета за царска боја во Кина. Според фенг шуи, жолтата боја се поврзува со елементот на земја кој има квалитети на стабилност, заземјување и исхрана.

Розовата боја се однесува на љубовта и на полето на партнерства.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk