(Видео) Балканец вртел јагне на ражен во двор, Швајцарец збеснал, па го гасел со противпожарен апарат

Точка

12/05/2022

17:04

28.853

Големина на фонт

а а а

Едно видео кое наводно настанало некаде во Швајцарија, овие денови стана вистински хит на социјалните мрежи.

На снимката се гледа постар маж – Дејан, кој е наводно со потекло од Босна и Херцеговина, како пече јагне на ражен на тревникот пред неговата куќа. Меѓутоа, тој не успеал во својата намера.

На самиот почеток на видеото се гледа помлад маж како му приоѓа на Дејан со противпожарен апарат, очигледно незадоволен што тој печел јагне на тоа место.

Napad na čast i ražanj!!

Posted by bosanci.ch on Wednesday, May 11, 2022

„Дејане, гледај во него“, вели женски глас во позадина додека помладиот, незадоволен тип му се приближува, викајќи му: „Југословен“.

Во еден момент тој дури и со копачот кој го носел, му го турнал од раце стапот со кој Дејан се бранел. И додека Балканецот разговарал на телефон со полицијата, Швајцарецот (или од каде и да е господинот), му пришол на раженот со ПП апарат и го активирал.

Само неколку моменти подоцна, јагнето било прекриено со пепел од противпожарниот апарат, така што Дејан и неговите блиски останале без вкусен ручек.

„Напад на чест и ражен“, стои во описот на видеото кое на Фејсбук собрало речиси 1.000 лајкови и голем број коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг