Медиумите пишуваат за очајничкиот потег на принцот Алберт во обид да ја задржи сопругата покрај себе и да ги сопре гласините за брачните проблеми

Точка

11/05/2022

17:55

12.495

Големина на фонт

а а а

Принцот Алберт наводно и плаќа на принцезата Шарлин 12 милиони евра годишно за да се однесува во склад со кралските должности и да биде покрај него на важни настани.

Принцезата Шарлин поголем дел од 2021-ва и почетокот од 2022-ра година ги минала одвоена од своето семејство во Монако.

Откако осум месеци била во Јужноафриканската Република, накратко се вратила дома, за кратко потоа поради исцрпеност да заврши на лечење во болница во Швајцарија каде минала уште четири месеци.


Сето тоа ги засилило гласините за нејзините брачни проблеми со принцот Алберт кои тој упорно се обидува да ги стиши, а изгледа дека сега се одлучил на очајнички потег.

Според пишувањето на водечките француски медиуми, 64-годишниот Алберт наводно прифатил на својата 44-годишна сопруга да и исплаќа 12 милиони евра годишно за да се однесува во склад со своите кралски должности и да се појавува крај него на важни јавни настани.


Сето тоа го прокоментирал и извор од кралскиот дворец во Монако.

„Секако дека принцезата ужива во бројни предности, но парите не и се загарантирани. Мина низ тежок период, па има смисла да сака да обезбеди сопствени приходи“, рекол изворот за "Daily Mail".


Шарлин по враќањето во Монако се појавила на еден спортски турнир, а пред тоа била фотографирана на прошетка со семејството.

Шарлин и Алберт се венчале во 2011-та година и заедно ги имаат 7-годишните близнаци Жак и Габриела.

Гласините за брачни проблеми ги следат од почетокот, бидејќи е познато дека Шарлин се омажила со солзи на очите, откако дознала за вонбрачното дете на Алберт, а поради тоа ја следи и прекарот "најтажна принцеза во светот".




Спонзорирани линкови

Маркетинг