Меган Фокс низ солзи: „Син ми го злоупотребуваат на училиште затоа што носи фустани, тешко ми е...“

Кармин

11/05/2022

13:00

16.939

Големина на фонт

а а а

Меган своите деца ги научила дека е во ред да бидат поразлични, но жал ѝ е што околината понекогаш ги осудува.

Актерката е горда мајка на тројца синови – Џорни Ривера (5), Боди Рансом (8) и Ноа Шенон (9) кои ги добила од бракот со Брајан Остин Грин.

Убавата актерка во интервју за „Glamour UK“ низ солзи открила дека нејзиниот најстар син го злоупотребуваат на училиште.

Меган сака нејзините деца да се изразуваат како што тие сакаат, па ги учи на родов идентитет и ги поттикнува да бидат сигурни во тоа кои се.


„Имам дете кое пати. Така што имам многу грижи околу тоа. Иако моето дете е многу храбро, едноставно тешко ми е како мајка“, изјавила таа.

Фокс, која и претходно зборувала за желбата на Ноа да носи фустани, вели дека нејзиниот син „почнал да носи фустани кога имал околу две години“. Набрзо потоа, актерката изјавила дека „купила многу книги со таква тематика“, меѓу кои и оние кои ги напишале трансродови деца.

„Во ред е да бидеш поразличен“

„Некои од книгите порачуваат дека може да бидете момче и да носите фустани. Можете да се изразувате низ својата облека како што сакате. Тоа дури не мора да има никаква врска со вашата сексуалност“, истакнала Фокс.


Меган своите деца ги научила дека е во ред да бидеш поразличен, но жал ѝ е што околината понекогаш ги осудува поради нивните избори.

„Не можам да го контролирам начинот на којшто другите реагираат на моите деца. Не можам да ги контролирам работите кои другите деца со кои одат на училиште ги научиле од своите родители. Тоа е причината зошто всушност не објавувам видеа или фотографии од моите деца на социјалните мрежи“, објаснила Меган.


Меган многу патува поради својата работа и тоа ѝ е тешко поради тоа што своите деца мора да ги остава дома.

„Би сакала да можам да ги земам со себе, тоа би било олеснително. Тешко ми е, не само поради притисокот од општеството, туку и поради тоа што сум одвоена од нив. Тие се моја ДНК“, истакнала актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk