Направете сами течност за миење на забите: Ги отстранува сите бактерии, а мирисот е неверојатен

Точка

10/05/2022

17:53

10.647

Големина на фонт

а а а

Оралната хигиена, освен користење на паста за заби, подразбира и употреба на течност која ги отстранува бактериите и го освежува здивот.

Исто така, многу е важно да користите интердентални четки или конец за отстранување на остатоците од храна и темелно чистење на забите.

Меѓутоа, кога станува збор за испирање на устата, треба да ги избегнувате оние кои содржат алкохол.

При чистење на калкулусот и отстранување на наслагите од „џебовите“ на непцата, како и по други стоматолошки интервенции, се препишуваат препарати на база на хлорхексидин. Помага во борбата против периодонтитисот. Меѓутоа, доколку не сакате да трошите пари на испирање на устата, можете да го искористите рецептот на стоматологот Џони Фочер за домашна смеса која ги отстранува бактериите и ги одржува забите здрави.


Потребен ви е 3% хидроген, кој треба да се разреди со вода во сооднос 1:2. По желба додадете неколку капки екстракт од нане и ќе добиете прекрасен, освежителен вкус. Оваа мешавина можете да ја користите до четири пати на ден.

Благотворно делува на непцата и ги смирува воспаленијата, ги уништува бактериите и допира до сите површини во усната шуплина, вклучувајќи ги и оние кои не можете да ги исчистите со четка. Во исто време ги избелува забите и ги лекува раните на слузницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг