„Град изграден од господа за господа“ – подобар од Лондон, Рим и Атина

Точка

10/05/2022

15:30

39.294

Големина на фонт

а а а

„Град кој го изградиле господа за господа“ – со овие зборови британскиот државник Бенџамин Дизраели опишал една европска престолнина. Лондон? Рим? Атина? Ниту една од нив!

Ова бил неговиот впечаток откако во 1830 година ја посетил една од најмалите престолнини, Валета на Малта.

Валета го маѓепсала Дизраели со својата архитектура и палати кои биле достојни за Венеција, а не е ни чудно кога ќе го земеме предвид богатото културно наследство и историјата на Малта. Низ оваа земја поминале Арапи, Французи, Британци и други кои оставиле своја трага.

Тому поради тоа што често била на мета на разни освојувачи, Валета била утврден град. По т.н. Голема опсада на Малта во 1565 година, нејзините бастиони, замоци и кули започнале естетски да се издигнуваат и Валета станала дом на уметниците и архитектите кои го збогатиле градот. Помеѓу нив бил и славниот италијански сликар Караваџо кој многумина го сметаат за зачетник на барокот.

Во таа смисла, тоа бил златен период за малата престолнина (која дури тогаш станала малтешка престолнина, заменувајќи ја дотогашната Мдина). Сите политички, економски и културни активности се „слевале“ тука во облик на мали продавнички, работилници, уметнички ателјеа...


Дури 8.000 господа работеле со години на изградба на раскошни палати и домови за сите новодојдени господа.

Малтешките витези или Витезите на малтешкиот ред биле заслужни за поставување на повеќе од 300 споменици ширум овој мал град. Куполите на црквите биле вешто изработени за посетителите и денес да се воодушевуваат на панорамата на градот.


Денес Валета е сместена на листата на УНЕСКО на светско наследство во Европа, а доколку планирате медитерански одмор од соништата, посетете барем една од овие славни атракции: Катедралата на Св. Јован во која се наоѓаат најзначајните дела на Караваџо, зградата на претседателот на Владата позната како Палата „Auberge de Castille et Leon“, театарот Маноел, парковите Горна и Долна Барака...

Валета се простира на површина помала од 1 километар квадратен така што навистина можете да ја обиколите секоја улица. Господски, како што ѝ доликува.





Спонзорирани линкови

Маркетинг