Доколку обожавате млечни колачи, тогаш овој сигурно ќе ви се допадне. Покојната принцеза Дајана едноставно го обожувала.
Кога ќе помислиме на кралското мени, вообичаено пред очите ни се прикажува раскошна трпеза, најскапите јадења по рецептот на најценетите готвачи и само најдоброто што може да се најде.
Меѓутоа, принцезата Дајана не била типичен член на кралското семејство, па така ниту нејзиниот омилен десерт не бил сличен на она во кое би уживала кралицата Елизабета.
Напротив, Дајана би јадела т.н. пудинг од стар леб.
Станува збор за старо домашно британско јадење кое вообичаено се подготвува од остаток од леб и познато е по тоа што не се потребни многу состојки, а не е ниту скапо, но сепак е вкусно.
- 2 парчиња стар леб;
- 110 грама путер;
- 9 жолчки;
- 140 грама шеќер;
- 1 ванилин шеќер;
- 150 милилитри млеко;
- 445 милилитри слатка павлака;
- 85 грама суво-грозјe;
- 85 грама бадеми;
- 4 лажици амарето;
- 2 лажици шеќер за посипување;
- 1 лажица шеќер во прав.
Потопете го сувото-грозје во амаретото една вечер пред да го подготвувате колачот и покријте го со алуминиумска фолија, па оставете го на собна температура.
Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте го садот за печење со путер. Исечете ја кората од лебот и премачкајте ги со путер.
Во длабок сад изматете ги жолчките и шеќерот. Додадете ја ванилата и ставете ги во тенџере со млекото и слатката павлака, па варете ги. Додадете ги жолчките со шеќерот и додадете го сувото-грозје, варете додека ја мешате смесата, а кога ќе згусне повторно се промешајте.
Исечете го лебот на коцкички и распоредете ги на дното од садот за печење. Потоа прелијте го лебот со топлиот фил, па оставете да отсти 20-на минути, додека лебот не омекне. Печете околу половина час.
Одгоре посипете го колачот со шеќер во прав и оставете го да се карамелизира. Кога ќе се излади, додадете бадем и шеќер во прав.
Пријатно јадење!