Среде борба со болеста, Селин Дион објави ретка фотографија со синовите

Кармин

10/05/2022

13:38

8.728

Големина на фонт

а а а

Селин Дион, среде своето закрепнување од болеста, споделила фотографија на која позира заедно со своите 3 синови во чест на Денот на мајката и им оддала почит на семејствата кои се разделени поради војната во Украина.

Пејачката моментално поминува низ тежок период бидејќи страда од здравствени проблеми поради кои морала да ја одложи својата турнеја. Но, таа во неделата имала причина за веселба бидејќи заедно со своите деца го прославила Денот на мајката.

Дион позирала со своите синови, 21-годишниот Рене-Чарлс и 11-годишните близнаци Еди и Нелсон со торта и свеќи, фалејќи ги сите „храбри мајки кои се затекнати во конфликтот“.

„Овој Ден на мајката чувствувам голема среќа што можам да бидам со своите деца и размислувам за мајките во Украина и во целиот свет кои ги изгубиле своите деца... и за оние мајки кои постојано се грижат за тоа како да ги заштитат децата“, напишала Селин во описот на фотографијата.

„И за оние мајки кои го посветуваат секој дел од својата енергија само за да им ги овозможат најнеопходните животни потреби на децата. Овие мајки се навистина храбри и на сите нив им го посветувам овој ден. Се молиме да пронајдат мир и утеха за своите семејства“, порачала пејачката.

Дион претходно објави на Твитер дека продолжува нејзиното закрепнување од честите мускулни грчеви и дека за жал мора да ги откаже преостанатите настапи од својата светска турнеја „Courage“ која претходно беше закажана за март и април 2022 година.

„Малку сум подобро, но сè уште имам грчеви. Морам да бидам во топ форма кога сум на сцена. Искрено едвај чекам, но едноставно сè уште не сум подготвена“, порачала Селин и додала дека дава сè од себе да се врати на „ниво на кое треба да биде за да даде 100 отсто на своите настапи“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk