Шакира во бикини е сè - само не секс бомба! После овие фотографии ќе ја сакате уште повеќе

Кармин

10/05/2022

23:43

24.554

Големина на фонт

а а а

Колумбијската пејачка уживала на плажа со сопругот и децата. Кога велиме 'уживала' - мислиме во буквална смисла.

Папараците на плажа ја фотографирале Шаќира. И токму кога помисливме 'Шакира + бикини = секс бомба' - грдно се излажавме.


Шакира на плажа е далеку од секс бомба. Пејачката на плажата се појавила во виолетов горен дел бикини со реси, кои го покриваат стомакот, додека со бикинито комбинирала пошироки шорцеви кои ѝ го покриле задникот.


Да се разбереме, Шакира е згодна. За 45 години и висина од метро и 57 сантиметри, колку што има, таа е навистина многу згодна жена. Но, фановите се изненадени од нејзината 'нормалност' и опуштеност на плажа.


Го знаете оној момент кога одите со децата на плажа, се фрлате во брановите и уживате како да имате повторно 10 години? Тогаш го облекуваме најудобниот костим за капење, не носиме шминка, накит и останати непотребни работи... Во тие моменти едноставно уживаме.


Изгледа дека Шакира нашла рецепт за среќа и на тоа треба да ѝ завидуваме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk