Човештвото ќе биде на Марс „оваа деценија“, тврди претседателката на компанијата „SpaceX“

Точка

09/05/2022

19:12

42.764

Големина на фонт

а а а

Гвин Шотвел, претседателка и главен оперативен директор на компанијата „SpaceX“, предвидува дека астронаутите ќе слетаат на Марс оваа деценија.

Шотвел верува дека астронаутите ќе слетаат на површината на Марс пред крајот на 2020-те, веројатно преку леталото „Starship“ кое во голема мера е вклучено во плановите на компанијата за Марс.

„Starship“ моментално се планира за неколку мисии на Мечесината кога ќе стане оперативен по претстојниот орбитален лет, ако ги помине процените на животната средина на американската Федерална управа за воздухопловство.

„Би требало да слетаме на Марс во рок од една деценија. Мислам дека тоа ќе биде во оваа деценија. А на Месечината и порано. Мислам дека треба да извршиме голема испорака на површината на Марс, а потоа луѓето ќе започнат повеќе да размислуваат за тоа. А потоа, мислам дека за 5 или 6 години, луѓето ќе видат дека тоа е вистинско место на кое можат да отидат“, изјавила Шотвел во интервјуто за „CNBC“.

По патувањата кои ги резервираше јапонскиот милијардер Јусаку Маезава за обиколка на Месечината, НАСА исто така планира со „Starship“ да ги одведе првите астронаути на Месечината во рамки на својата програма „Artemis“.

НАСА очекува да ја лансира мисијата со екипаж на Црвената планета околу 2040 година, најмалку деценија откако Шотвел ги очекува првите астронаути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг