Тинејџер гениј во слободно време изработил протетичка рака на 3Д принтер

Точка

09/05/2022

16:42

29.727

Големина на фонт

а а а

Бенџамин Чои, 17-годишнен средношколец кој одлучил да направи протетичка рака со која би можел да управува преку мозочни бранови, го започнал својот опсежен проект во 2020-та година, на возраст од 15 години, користејќи го 3Д принтерот на својата сестра.

Идејата за протетичка рака произлегла од прилог на телевизиската емисија "60 Минути" за протетичка рака контролирана со ум, но за раката да функционира, било потребно да се вгради сензор во моторниот кортекс на мозокот на лицето.

Чои за "Smithsonian" рекол: „Бев навистина, навистина воодушевен од идејата во тоа време бидејќи таа технологија делуваше многу импресивно. Но исто така бев вознемирен што е потребна ризична отворена операција на мозок. И многу е тешко достапна, чини илјадници долари“.

Целта на овој тинејџер била да го направи роботскиот екстремитет попристапен

Исто така сакал да ја елиминира потребата за операција која вклучување "копање" по нечиј мозок за протезата правилно да функционира. Со користење на 3Д принтерот на неговата сестра за неговиот прв прототип барало многу напорна работа при спојувањето на деловите бидејќи принтерот можел директно да изработува само парчиња долги 12 центиметри.

На Чои му биле потребни 30 часа само за принтерот да ги исфрли деловите од раката пред да употреби гумени ленти и материјали за да ги спои. Протетиката работела користејќи движења на главата и употребувајќи податоци од мозочни бранови.

Протетичката рака не била негов прв обид за кодирање

Уште од основно училиште Чои учествувал во натпревари за роботика каде изработувал роботи и ги кодирал да работат и да се движат како што сака тој. Неколку пати излегол на "VEX Robotics Wolrd Championship", а во 9-то одделение сам научил компјутерски програмски јазици гледајќи видеа на "Stack Overflow".

Чои тврди дека раката се уште не е усовршена до крај, но се надева дека ќе успее трошоците од производството да ги задржи на цена од околу 300 долари, додека цените на моментално достапните протетички раце се движат околу 7.000 долари.

Чои работи со волонтери на собирање на податоци и подобрување на функционалноста на својот изум. Иако неговата протетичка рака се уште не е готова, тоа не го спречува да освојува награди на "Microsoft Imagine Cup", "Regeneron International Science and Engineering Fair" i National At-Home STEM Competition.

Младиот гениј планира да оди на факултет и да стане инженер, но и да продолжи да работи на својата протетичка рака и еден ден да ја доведе до фаза на клиничко испитување. Доколку успее, би можел да им го промени животот на околу 2 милиони луѓе во САД кои живеат без еден екстремитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг