Моника Белучи стана мета на критики поради последните фотографии: „Зошто толку Фотошоп за неа?“

Кармин

09/05/2022

14:40

8.843

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи објави низа фотографии од доделувањето на наградите „Maria Callas Monaco Gala“, а многумина ја критикуваат поради претераниот Фотошоп на фотографиите.

Италијанската актерка која е позната по својата природна убавина позирала во долг бордо фустан со шлиц, кој ѝ прилегал совршено.

Комбинацијата ја заокружила со елегантен ѓердан и обетки, како и исфенирана коса и ефектна шминка.

Меѓутоа, голем број нејзини обожаватели забележале дека фотографиите се непотребно обработени.

„Зошто толку Фотошоп за неа?“, напишал еден следбеник на Инстаграм, а неговиот коментар добил над 600 лајкови.

„На твоите фотографии не им се потребни филтери. Прекрасна си и без нив“, „Ти си толку преубава, нема потреба да го уредуваш своето лице преку апликации“, гласат останатите коментари.

Инаку 57-годишната актерка постојано добива комплименти и пофалби поради својата природна убавина и достоинственото стареење бидејќи, колку што е познато, не се подложила на никакви естетски корекции.

Претходно Белучи истакна дека се гордее со своите брчки.

„Тие се само доказ дека во животот сте успеале да ги совладате пречките. Брчките се нашите лузни“, изјави Моника во едно интервју.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk