Уметничко дело од „Ferrari“: Погледнете како изгледа „SP48 Unica“ кој е произведен во само еден примерок

Точка

07/05/2022

17:54

37.747

Големина на фонт

а а а

По една година најави, „Ferrari“ откри уште еден „one-off“ модел.

Станува збор за „SP48 Unica“, а се работи за т.н „one-off“ автомобил, што значи дека е изработен само еден единствен примерок за непознат клиент.


Дизајнот го потпишува „Ferrari Styling Centre“, а на чело на тимот бил Флавио Манцони, најзаслужен за оваа фасцинантна дизајнерска приказна. Автомобилот е изработен на основа на моделот „F8 Tributo“, но со исклучок на целосно новиот екстериер.


Дефинитивно највпечатлив е предниот дел со монолитно изведена предна решетка со 3D ефект. Од „Ferrari“ нагласуваат дека аеродинамичната форма во целост задоволува сѐ што е потребно во однос на струењето на воздух за ладење.

Оригиналот, моделот „F8 Tributo“ бил донатор на механиката и самиот ентериер, а тоа значи дека идниот сопственик може да смета само на најдоброто.





Спонзорирани линкови

Маркетинг