Многумина воздивнале кога дознале дека ќе биде произведен само еден примерок.
„The Flip“ веќе е прогласен за „несакано дете на Г класа и SLS Gullwing“, а судејќи по се, брзо ќе отиде во заборав. Тоа е дело на „AMG“ на која работел музичарот Вил Ај Ем, кое ќе биде премиерно прикажано на „Grand Prix“ во Мајами.
Како што веќе се знае, основата е „AMG GT 4-Door coupe“, што најдобро се гледа од страна. Автомобилот ја изгубил и класичната врата и добил по една на секоја страна и се отвораат во контра насока. Меѓутоа, најголем шок предизвикува предниот крај, чиј дизајн е инспириран од Г класа, инаку омилено возило на популарниот уметник.
Некои во формата на овој автомобил ќе го видат и оригиналниот „Мустанг“, а многумина ќе останат и шокирани од судбината на ѕвездата со три краци. Логото на Мерцедес буквално завршило во устата на мечка.
„Bear Witness“ се поврзува со колекција на облека која ќе биде понудена во „Mercedes-AMG Experience“ центарот во Мајами и он-лајн на официјалните страници. Дел од приходите ќе бидат донирани во добротворни цели, поточно фондацијата која поттикнува „STEM“ едукација.
Малку неочекувано, „AMG“ не објавил што се крие под хаубата. Многумина претпоставуваат дека основа бил GT 635, а тоа значи V8 и повеќе од 600 коњски сили.
„Не го допрев моторот, бидејќи „AMG“ работи најдобро“, открил Вил Ај Ем во изјавата.