(Видео) Погледнете како изгледал сообраќајот во велеградовите пред 100 години

Точка

23/04/2022

19:56

37.414

Големина на фонт

а а а

Благодарение на модерната технологија, имаме прилика да погледнеме како изгледал градскиот метеж пред нешто повеќе од 100 години.

Станува збор за 1920 година, а судејќи по овие дополнително обработени снимки кои ги потпишува Јутјуб каналот „NASS“, можеме да видиме како изгледал сообраќајот во најгусто населените градски подрачја во тоа време.

По нешто поновите видеа од 40-те и 50-те години на минатиот век, сега се враќаме на 20-те години и тоа на авениите на Њујорк, Чикаго, но и европските градови како Лондон, Париз и Берлин.

Особено е интересно да се види колку во тоа време се разликувале улиците на Лондон со бројни автомобили и, на пример, улиците на Стокхолм и Амстердам на кои преовладувале пешаци и велосипедисти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг