Електричниот "Lexus R3 450e" и официјално претставен

Точка

21/04/2022

13:46

35.466

Големина на фонт

а а а

По моделот "UX 300e", "Lexus" сега претставил уште еден електричен кросовер, и тоа со име "R3 450e".

Како база послужила "e-TNGA" платформата која ја користи и "Toyota 634X", додека дизајнот е инспириран од изгледот на "LF-3 Electrified" концептот кој е прикажан минатата година.

"Lexus" со тој концепт инаку ги најавил своите нови насоки и намери во иднината, односно почеток на следната генерација на "Lexus". До 2025-та година "Lexus" ќе претстави 20 нови или модифицирани модели, вклучувајќи повеќе од 10 сосема електрични модели, хибридни и плаг-ин возила.


Овој "R3 450e" Има два електромотори со комбинирани 230 kW/313 КС и 435 Nm, од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,6 секунди додека најголема брзина е ограничена на 160 км/ч.


Со литиум-јонската батерија од 71,4 kWh, автономијата изнесува повеќе од 400 километри.


Цените за "Lexus 450e" ќе бидат соопштени во периодот кој доаѓа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг