Официјално: Претставен "Ferrari 296 GTS"

Точка

20/04/2022

16:26

35.519

Големина на фонт

а а а

"Ferrari" неодамна најавил изненадување, а како што се претпоставувало, станува збор за "Ferrari 296 GTS".

Станува збор за "Spider" верзија на моделот "296 GTB", што значи дека новиот "296 GTS" комбинира 2,9 литарски турбо "V6" бензинец со 663 коњски сили, електромотор и батерија од 7.45 kWh, во пар со 8-степенски "DCT" менувач. Можно е и возење во електро-мод и тоа околу 25 километри, пишува "Autoblog".

Со своите 1.540 килограми, "296 GTS" е 70 килограми потежок од "296 GTB coupe", при што тврдиот кров се отвора за 14 секунди (при брзина од 45 км/х. Тоа значи дека односот на тежината/силата изнесува 1.86 кг по КС.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај "296 GTS" изнесува 2,9 секунди, до 200 км/ч стигнува за 7,6 секунди, а може до максимални 330 км/ч.

За кочење е одговорен систем со дискови 398 x 223 x 38 мм напред и 360 x 233 x 32 мм од позади.

Тркалата се од 20 инчи, со гуми 245/35 3P 20 напред и 305/35 ZR 20 позади.

Што се однесува до димензиите, автомобилот е долг 4.565 мм, широк 1.958 мм, висок 1.191 мм и има меѓуосовинско растојание од 2.600 мм.

На крајот и податокот дека "296 GTS" патеката "Фиориано" ја минал за 1' 21" 80 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг