Како малиот "Clio" заврши под авион?

Точка

19/04/2022

20:33

36.215

Големина на фонт

а а а

Снимките од бизарната несреќа се шират на социјалните мрежи.

Станува збор за аеродромот Аликанте во Шпанија, каде се случила несреќа во која "Renault Clio" завршило под трупот на авион "Boeing 737" на "Ryanair". Фотографиите ги објавил инструкторот на лет и инспектор на авио-компанијата Иван Кастро Паласиос на својот профил на "Twitter". Како што стои во објавата, несреќата се случила на 12-ти април.

Судејќи по фотографиите, би се рекло дека возачот на малото "Renault" лошо го проценил просторот под трупот и кровот на автомобилот заглавил одоздола.

Најновите информации велат дека возачот на "Renault" при паркирањето заборавил да ја повлече рачната кочница па затоа го "одвел" автомобилот под трупот на авионот. Само еден поглед на тркалата и намаленото растојание со браниците јасно укажува колку всушност заглавил автомобилот.

Среќа е што никој не е повреден, а изгледа дека нема ни поголема материјална штета.

Авионот сеедно бил однесен на темелно прегледување на трупот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг