Се шпекулираше дека ќе се разведат, но... Еден од најубавите парови сподели прекрасна вест: „Пресреќни сме“

Точка

22/01/2022

13:00

21.797

Големина на фонт

а а а

Гордите родители не ја криеле среќата откако им се остварила една од најголемите желби во изминатите три години.

Познатиот светски пар Пријанка Чопра и Ник Џонас, објавиле вест која за рекордно време го обиколила светот, а таа гласи дека парот за првпат се оствари во улогата на родители, по пат на сурогат мајка.

Од приватниот живот никогаш не правеле ништо сензационално, но најубавите вести секако дека ги споделиле со јавноста.

„Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека бебето го дочекавме преку сурогат мајка. Со почит ве молиме за приватност во текот на овој посебен момент затоа што се фокусираме на нашето семејство. Ви благодариме многу“, пишувало во соопштението.

Во текот на соопштението не го откриле полот на своето новороденче, но порталот „TMZ“ објавил дека сурогат мајката на свет донела девојче минатата сабота.

Возбудливата објава на овој пар ја изненадила публиката само една недела откако Пријанка зборувала за желбата за потомство во интервју за „Vanity Fair“.

„Децата се голем дел од нашите желби кога станува збор за иднината. Со Божја милост, кога ќе се случи тоа, ќе се случи“, изјавила актерката во таа прилика.


Инаку, Пријанка и Ник се венчале пред три години по традиционални обичаи кои се применуваат во Индија, а неколку недели пред да го дадат заветот на вечна љубов, актерската ѕвезда изјавила:

„Тоа е нешто што дефинитивно сакам да се случи и се надевам дека ќе се случи кога ќе даде Бог, во вистинско време“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг