Памела Андерсон се разведува - по петти пат! Пандемиската романса траела 'дури' една година

Кармин

21/01/2022

12:29

11.210

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон после една година се разведува од сопругот Ден Хејхерст.

Ѕвездата на „Baywatch“ поднела барање за развод во својата родна Канада, каде се преселила минатата година со сопругот.

Памела и Ден се венчале на Бадник во 2020-та година, откако заедно биле во lockdown поради пандемијата.

Извори блиски до Памела велат дека „таа сака и живее автентично“ и дека пандемиската романса е завршена. Актерката наводно се иселила од нивниот заеднички дом.


Памела Андерсон прво била во брак со Томи Ли, со кој ги има синовите Брендон и Дилан. Потоа во 2006-та година се омажила за Кид Рок и се развела од него.

Потоа двапати се омажила за музичкиот продуцент Рик Соломон, прво во 2007-ма година, што завршило со поништување, а потоа повторно во 2013-та година.


Во јануари 2020-та година, Андерсон се омажила за Џон Питерс, со кој била во брак 12 дена. Питерс тврди дека го оставила откако тој ѝ ги исплатил долговите, иако актерката го негираше тоа. Потоа се вратил кај поранешната вереница која ја оставил поради Памела.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk