Главната научничка од СЗО: „Со омикрон ќе се заразат многу луѓе, не знаеме кога ќе се појави нов сој“

Точка

18/01/2022

20:30

32.343

Големина на фонт

а а а

„Охрабрувачки е тоа што за многу од луѓето на светот годинава ќе постои подобра имуна заштита поради вакцинацијата, но и инфекцијата“, смета главната научничка на СЗО.

Главната научничка на СЗО, Сумја Сваминатан, го поздрави тоа што владите почнаа уште сега да се подготвуваат за преминувањето од пандемијата на коронавирусот во ендемска состојба, но и укажа дека не е можно една земја да премине во ендемска состојба, а останатиот дел од светот сè уште да се наоѓа среде пандемија.


„Очекуваме огромен број луѓе на светот да се инфицираат со омикрон сојот, а тоа ќе им биде имунизација за другите соеви“ изјавила таа за германски „Handelsblat“.

Според нејзините зборови, охрабрувачки е тоа што за многу луѓе на светот оваа година ќе постигнат подобра имуна заштита поради вакцинацијата, но и инфекцијата.

Дали преминувањето во ендемската состојба ќе следи по омикрон сојот, е нејасно.

„Не знаеме кога и каде ќе се појави нов сој“, предупредила Сваминатан.


Таа споменала дека ниту една земја не може да премине во ендемска состојба доколку останатиот дел од светот е среде пандемија.

Додава и дека целта би се постигнала кога стапката на вакцинација во светот би била 70 отсто до средината на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг