Ивона Јо за Точка ТВ: „Откако ослабев 41 килограм енергијата ми е почиста, сега сите конци се во мои раце“

Точка

10/12/2021

21:30

14.682

Големина на фонт

а а а

25-годишната Ивона Јовановиќ од Куманово, пред само три месеци направи операција за кратење на желудникот во Турција.

Новинар: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ

Кога Јовановиќ одлучи целата приказна да ја сподели со јавноста, во која откри и детали од процесот, наиде на поделени мислења. Додека едни велеа дека е убаво што направила нешто што ја исполнува, други ја критикуваа.

„Зошто пропагираше себеприфаќање, ако сега се промени себеси“ - беше главното прашање од 'хејтерите' упатено до пејачката, која сега е посилна од било кога.

Вчеравечер Ивона Јо за првпат во својата музичка кариера настапуваше во Скопје. Успеа скопјани да ги развесели со својата појава и настап во „Трибека“.

Токму додека се подготвуваше за овој настап, во салонот за убавина на Марија Најдоска, си направивме убав разговор со Ивона.

Пред камерата на Точка откри многу интересни детали од целиот процес со операцијата која ѝ го промени животот. После оперативниот зафат, пејачката ослабнала повеќе од 40 килограми.

„Чувствувам дека имам симнато огромен товар од мене. Не тежина, бидејќи килограмите не се само масни наслаги, килограмите се натрупани емоции“, искрена е Ивона.

Со пораката која ја испраќа до публиката на Точка, потенцира дека не ги поттикнува сите кои се соочуваат со ваков проблем да направат операција, туку да веруваат во себе и сами да го направат својот избор. 

Погледнете го целото видео интервју со Ивона Јо, кое сигурно ќе успее да ви донесе малку позитивна енергија ова петочно попладне.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk