Уште една трансформација која воодушевува: Стар автобус претвориле во дом од соништата

Кармин

07/12/2021

15:28

8.012

Големина на фонт

а а а

Пред вас е врвот на креативноста, барем кога зборуваме за ентериерот...

Таман кога би помислиле дека сме виделе сè, новите трансформации поврзани со ентериерот и уредувањето секогаш знаат да нè изненадат.


Иако крајниот резултат делува идилично, сепак сето тоа требало да се смисли и да се спроведе на дело за да изгледа така.

Стар автобус станал оаза за уживање, благодарение на креативците од Инстаграм профилот wearekingingit.


Интересно е тоа што во описот на страницата на овој пар се наведува дека тие живеат во автобусот кои сами го преуредиле, а исто така патуваат и низ светот и сето тоа го документираат.

Имаат и свој поткаст, односно канал на Јутјуб.

Доколку немате инспирација, добрата идеја може да ја пронајдете на страницата lovely.cabins.

Винтиџ стилот дефинитивно е повторно актуелен, така што и доколку одлучите да уредите еден ваков стар автобус, не мора да вложувате премногу, а сепак ќе го уредите просторот со адекватна доза на модерен мебел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk